Пет најплатени диџеи ширум светот

346

Музиката е лек за сè. Особено во вакви ситуации кога моралот, расположението и духот го допираат дното. Како еден убав начин да се релаксирате е секако да слушате музика. Но, дали знаете колку заработуваат и кои се најбогатите меѓу оние кои стојат зад миксетата и пуштаат музика за забава.

Петте најплатени диџеи во светот, според Wealthy Gorilla, се:

Келвин Харис – 190 милиони долари

Келвин Харис е диџеј од Шкотска, пејач, композитор и продуцент. Неговото вистинско име е Адам Ричард Вајлс. Иако е роден во Шкотска денес живее во Калифорнија.

DJ Tiesto -150 милиони долари

Тијс Мајкл Вервест можеби не ви е познато, но ако ви се спомене DJ Tiesto, тогаш веднаш ви станува јасно за кого станува збор. Кога Тијс бил тинејџер пуштал музика на училишните забави, а потоа и во неколку клубови во Холандија. Во 1994 година почна да издава сопствени песни.

Swedish House Mafia – 100 милиони долари

Иако тројцата диџеи, кои беа дел од Swedish House Mafia, се разделија во 2012 година, сепак нивната заработка ги прави да бидат трети најбогати диџеи во светот.

Avicii – 85 милиони долари

Тим Берглинг АКА Avicii беше диџеј и продуцент од Шведска. Роден е на осми септември 1989 година во Стокхолм. Тој почина во април 2018 година, кога неговото богатство беше проценето на 85 милиони долари. Овој износ постхумно го прави Avicii да биде меѓу најбогатите диџеи на светот.

Дејвид Гета – 75 милиони долари

Дејвид Гета е француски диџеј, композитор и продуцент. Неговиот прв албум Just a Little More Love го претстави во 2002-ра година. Важи за еден, не само од најбогатите диџеи, туку и најпознати во светски рамки.

Фото: Pixabay