Пет најтргувани акции неделава

51

Акциите на Комерцијална банка, Макпетрол, Алкалоид, НЛБ Банка и Гранит се петте најтргувани на Македонска берза, во период од 12-ти до 16-ти овој месец, покажува Неделниот преглед на берзата.

Вкупниот промет оваа недела беше 1.028.302 евра или 12,71% помалку во однос на претходната недела. Во тој период се реализирани 272 трансакции што е 13,81% повеќе во споредба со минатата недела.

Пазарната капитализација, од 12-ти до 16-ти октомври, достигна 3.302.786.922 евра, односно 1,20% помалку од една недела претходно. На последниот ден од тргувањето, пазарната капитализација се позиционираше на ниво од 1.815.340.928 евра или 0,85% помалку во однос на минатиот месец.

Индексот МБИ10 ја заокружи оваа трговска недела со 4.394,61 поени или 1,93% помалку во споредба со претходната недела.

Фото: Freepik