Пет најтргувани акции оваа недела

48

Акциите на Комерцијална банка, Алкалоид, Раде Кончар, Стопанска банка и Жито Полог од Тетово се најтргувани на Македонска берза во период од 27-ми до 31-ви јули, покажува Неделниот преглед.

Вкупниот промет оваа трговска недела достигна вредност од 1.818.309 евра или 4,79% помалку во однос на претходната недела. Кај вкупниот број на трансакции (376) има пораст од 2,17% во споредба со една недела претходно.

Пазарната капитализација оваа трговска недела беше 3.251.129.722 евра или 0,32% помалку во однос на претходните седум дена. Пазарната капитализација, пак, на 31-ви јули, беше 1.781.868.034 евра или 4,20% повеќе во однос на истиот период минатиот месец.

Индексот МБИ 10 на 31-ви овој месец достигна 4.289,51 поен или 0,44% повеќе во однос на претходната недела.

Фото: Freepik