Пет од 100-те најдобри во Македонија “тежат“ 19,8 милијарди денари

101

Од 100-те најдобри компании во земјава, првите пет во текот на минатата година прокнижиле вкупна добивка од 19.861.290.080 денари, покажуваат податоците објавени на Аналитика.мк.

Лидерот на оваа листа, ТЕ – ТО лани оствари вкупна добивка во висина од 7.954.637.200 денари, на второ место е Џонсон Мети со добивка од 6.013.109.970 денари, а трет е рудникот Саса со 2.839.386.341 денари. Првата петорка најдобри, според податоците,  ја заокружуваат Македонски Телеком со добивка од 1.596.062.214 денари и Синохидро Корпорејшн со 1.404.094.355 денари.

Над една милијарда денари добивка имаат и: Мермерен Комбинат (1.403.557.613 денари), Бучим (1.071.630.932 денари), ЕВН Македонија (1.055.549.929 денари) и Цементарница Усје (1.048.549.935 денари).

На дното на листата 100 најдобри се најдоа овие пет компании: Јавор Транс (99.025.338 денари), Хај Теч Корпорација (100.373.222 денари), Макпрогрес (100.840.094 денари), Реплек Фарм (101.163.719 денари) и Кит – Го (101.798.164 денари).

Анализата покажува декa 55% од најпрофитабилните компании се од Скопје, а 52% од компаниите коишто во 2018 година имаат највисок профит се компании кои имаат и највисоки вкупни приходи.

Фото: Pixabay