Пет особини на милијардери: Ќелави, носат очила, имаат три деца…

161

Новата студија издвои карактеристики кои се типични за најбогатите луѓе во светот.

Не постои рецепт кој ќе ви помогне да се збогатите, но истражувањата покажаа дека најбогатите луѓе во светот имаат одредени заеднички карактеристики. Оваа студија ги проучуваше 100-те најбогати милијардери во светот, а експертите издвоија пет карактеристики кои се типични за најуспешните луѓе во светот.

“Инвестирање“ во семејството

Дали сте во брак? Дали имате три деца? Статистички, семејствата на повеќето милијардери изгледаат вака: 87% од милијардерите се во брак, а 63% имаат три или повеќе деца. Се разбира, големото семејство не е гаранција за успех, но се чини дека семејната поддршка може да помогне во справувањето со стресот и да има позитивен ефект врз претприемачите.

Универзитет

Иако 14% од 100-те најбогати луѓе во светот немаат формално образование или се откажале од факултет, посетувањето на одредени универзитети и специјализирање за одредени предмети може да ги зголеми шансите за успех. Најпопуларните универзитети меѓу светските милијардери се Харвард и Стенфорд, а предметите од кои најмногу ќе имате корист се инженерството, економијата и информатиката.

Физички изглед

Истражувањата покажаа дека ако носите очила и сте ќелав, тогаш сте типичен милијардер. Бројот на ќелави милијардери се зголеми во последните две децении, но ова е тренд што може да се објасни со стареењето. Меѓутоа и стресните периоди, како што се финансиските кризи, исто така можат да имаат влијание врз опаѓањето на косата. Моментално 41% од 100-те најбогати милијардери носат очила.

Машки клуб

Иако бројот на успешни жени расте, само осум жени се наоѓаат на списокот со 100-те најбогати милијардери во светот. Исто така, сите жени на оваа листа го наследија своето богатство, додека 69% од мажите на списокот ги заработија милијардите самостојно, пренесува порталот Manager.ba.

Држава

Кина во моментов има најголем број милијардери, дури 596. Но, 40 од 100-те најбогати милијардери доаѓаат од САД. Меѓу нив се и Бил Гејтс, Ворен Бафет и Џеф Безос. Други земји кои имаат голем број милијардери се Германија, Русија и Франција.

Фото: Freepik