Петте најплатени автори во светот “тежат“ 235 милиони долари

51

Џеј Кеј Роулинг стекна планетарна слава со помош на нејзиното дело Хари Потер. Тоа ѝ овозможи да располага со богатство од 92 милиони долари и со тоа да стане најплатена авторка според магазинот Forbes.

Втор најбогат автор е Американецот Џејсм Патерсон, кој има богатство од 70 милиони долари. Тој успеа да продаде 5,5 милиони примероци од книгата The president is missing, што ја пишуваше заедно со поранешниот американски претседател Бил Клинтон.

Поранешната прва дама на САД е нова на оваа листа. Мемоарите на Мишел Обама под името Becoming се продадени во над 10 милиони примероци. Ова ја прави Обама трета најплатена авторка со 36 милиони долари.

Џеф Кини, инаку автор на детскиот роман Diary of a wimpy kid, заработи 20 милиони долари од 3,6 милиони продадени примероци.

Стефан Кинг има богатство од 17 милиони долари. Кралот на хорор книгите забележа загуба од 10 милиони долари, кога минатата година доби осумцифрена сума за екраниризирање на неговиот блокбастер It.

Фото: Pexels