Pfizer и BioNTech бараат одобрение од ЕУ за нивната вакцина

24

Pfizer и BioNTech поднесоа барање за условно одобрение за својата вакцина против Ковид-19 до Европската медицинска агенција (ЕМА), со надеж дека нивната вакцина во Европа ќе биде достапна до крајот на годината.

Американската фармацевтска и германската биотехнолошка компанија, специјализирани на најновата mRNA технологија, соопштија дека им е потврдено дека нивното барање е примено.

И американската компанија Moderna поднесе барање до ЕМА за одобрение на нејзината вакцина против коронавирусот, којашто во текот на клиничките испитувања покажала голема ефикасност.

Pfizer и BioNTech, исто така, поднесоа и барање за итно одобрение на нивната вакцина од страна на американското регулаторно тело. Американската управа за храна и лекови за 17-ти овој месец закажа состанок на којшто ќе расправа за барањето на Moderna, а одобрението за Pfizer и BioNTech ќе се разгледува една недела претходно.

Фото: Facebook