Pfizer испорачува дополнителни 100 милиони дози во ЕУ годинава

19

Американски Pfizer и германски BioNtech објавија дека ќе испорачаат дополнителни 100 милиони дози вакцини против коронавирусот во 19 земји членки на Европската унија оваа година.

Договорот следи по одлуката на Европската комисија да ја активира можноста да купи дополнителни 100 милиони дози според договор потпишан на 17-ти март.

Тоа значи дека вкупниот број на дози што ќе бидат испорачани во ЕУ ќе достигне 600 милиони.

Вакцината ќе биде произведена во погони во Европа.

Фото: Pexels