Pfizer ја очекува вистинската заработка по пандемијата

40

Неодамнешните коментари на финансискиот директор на Pfizer укажуваат на можноста компанијата да ја претвори вакцината за Ковид-19 во долготраен нов бизнис модел.

Неговите предвидувања вклучуваат драстично зголемување на цените на вакцините против коронавирусот кои би се примале секоја година.

Додека во тек е масовна вакцинација против коронавирусот и крајот на пандемијата се наѕира, се поставува прашањето што после тоа? Фармацевтската компанија Pfizer, се чини, тогаш очекува голем прилив на пари.

На глобалната здравствена конфенција на Barclays финансискиот директор на компанијата Pfizer, Френк Д’ Амелио изложи план на компанијата за инвеститорите кој подразбира драстично повисока цена на вакцината против корона, штом владите престанат да бидат примарни купувачи на нивната вакцина, која заеднички ја произведоа со германската фирма BioNTech.

“Врз основа на се што видовме досега, веруваме дека се поверојатно е дека ќе има ревакцинација секоја година“, рече Д’ Амелио, додавајќи дека најверојатно ќе се работи за една доза вакцина.

Тој наведе дека досега цените за вакцината ги диктирале потребите на државите да обезбедат доволно дози за вакцинирање на целокупната популација без некакви трошоци за граѓаните, пренесува Спутник.

“Кога ќе излеземе од состојба на пандемија, ќе почнат да делуваат нормалните пазарни услови. А факторите како ефикасност, способност, клиничка корист, ќе станат многу важни, и ние гледаме дека тоа, сосема искрено, е значајна прилика за нашата вакцина од перспектива на побарувачка, од перспектива на одредување цена, со оглед на клиничкиот профил на нашата вакцина. Кога болеста ќе стане ендемска, тоа значи дека е присутна и продолжува повремено да се шири на дел од популацијата. Тоа е како во случајот со грипот, за кој често се препорачува вакцинација на годишно ниво“, вели тој.

Минатиот месец, Д’ Амелио им рече на аналитичарите од Wall Street дека Pfizer во моментот ја продава вакцината за 19,5 долари по доза, но дека тоа не е нормална цена која вообичаено се добива за вакцина, а која изнесува 150, 175 долари по доза.

“Кога ќе се оддалечиме од пандемиските цени, ситуацијата во која се наоѓаме во моментот, добиваме многу повисока цена“, додаде тој.

Pfizer минатата година оствари приход од 15 милијарди долари само на производи поврзани со Ковид-19 .

Фото: Pixabay