Pfizer се соочи со проблеми во производството и складирањето на вакцината

30

Pfizer се соочува со потешкотии, вклучувајќи ги дозите од вакцината што се чувале на премногу ниска температура, што претставува предизвик за производството на вакцините.

Најмалку две кутии со дози вакцини против коронавирусот, коишто се испорачани во Калифорнија, би требало да се заменат бидејќи се чувани на температура пониска од -80 степени.

Вакцината на Pfizer и BioNTech треба да се чува на температура од -70 степени.

Експерти анализираат дали складирањето на вакцината на премногу ниски температури е ризик за безбедност и ефикасност на вакцината.

Фото: Facebook