Philips купува компанија специјализирана за здравствена нега на далечина

56

Холандскиот производител на медицински уреди, Philips планира да ја купи американската компанија за дијагностика и следење на работата на срцето, BioTelemetry, во рамки на планот за развој на сегментот поврзан со здравствена заштита на далечина.

Philips ќе плати 72 долари по акција за BioTelemetry, што е за 16,5% повеќе во однос на цените на акциите. Одборот на американската компанија даде зелено светло за оваа понуда.

BioTelemetry се фокусира на дијагностика и следење на срцевиот ритам на далечина и на тој начин минатата година оствари 85% од вкупните приходи, што достигнаа 439 милиони долари. Philips ќе го вклучи во одделот за здравствена нега, меѓу останатите платформи и опрема коишто на лекарите им овозможуваат преглед на пациентите од далечина.

Фото: Freepik