Pirelli ќе вработува по 50 лица месечно до крајот на годината во својот погон во Романија

16

Фото: Facebook

Италијанскиот производител на гуми Pirelli ќе вработува по 50 лица секој месец до крајот на годината во својата фабрика во Слатина, Јужна Романија, пишува Romania Insider.

Фабриката има потреба од секаков вид на персонал, од оператори до специјалисти, информираат од компанијата.

Pirelli во Романија ги проширува своите капацитети со нов производствен и уште еден магацински простор со вкупна површина од речиси шест хектари, па заради тоа кампањата за вработување е многу веројатно да продолжи и следната година.

Во 2016 година Pirelli објави дека ќе инвестира 200 милиони евра во својот погон во Слатина за период од пет години, со што ќе го зголеми производствениот капацитет за скоро половина, односно ќе произведува околу 15 милиони гуми годишно.