Пиштол на Шон Конери ќе се продава на аукција – можна цена од 200.000 долари

63

Пиштолот Walther PP, којшто Шон Конери го користеше во првиот филм за Џејмс Бонд, ќе се најде на аукција следниот месец во Лос Анџелес и би можел да достигне цена од 200.000 долари.

Шкотскиот актер, кој почина во својот дом на Бахамите, тој пиштол го користел во филмот Dr.No во 1962 година.

Пиштолот ќе биде еден од 500 филмски реквизити коишто ќе бидат понудени на аукција на Беверли Хилс на трети декември. Меѓу предметите ќе бидат и кацигата што Том Круз ја носеше во Top Gun и кожната јакна на Арнолд Шварценегер од Terminator 2.

Фото: Facebook