Пиштолот на Шон Конери продаден за 256.000 долари

33

Пиштолот Walther PP, којшто шкотскиот актер Шон Конери, го користеше во првиот филм за Џејмс Бонд, е продаден на аукција во Беверли Хилс за 256.000 долари, надминувајќи ги очекувањата, соопшти аукциската куќа Julien’s Auctions.

Деактивираниот полуавтоматски пиштол Шон го користел во филмот Dr.No од 1962 година.

Купувачот, кој сакал да остане анонимен, е Американец кој заедно со своите деца ги гледал сите филмови за Џејмс Бонд.

На истата аукција за 108.000 долари е продадена кацигата што Том Круз ја носел во Top Gun, а самурајскиот меч на Брус Вилис од Pulp Fiction постигна цена од 35.200 долари.

Фото: Facebook