Писмо на Алберт Ајнштајн во коешто ја напишал својата позната равенка E=mc2 е продадено на аукција за 1,2 милиони долари, што е трипати повеќе од проценетиот износ.
Архивисти од калифорнискиот Институт за технологија и Еврејскиот универзитет во Ерусалим изјавија дека постојат само уште три примероци на коишто Ајнштајн ја напишал равенката што го промени светот.
Четвртиот примерок, единствен од приватната колекција, неодамна излезе во јавност, а било очекувано да се продаде за околу 400.000 долари.
Писмото е напишано на 26-ти октомври 1946 година на германски јазик и било адресирано за американскиот физичар со полско потекло, Лудвик Силберштајн. Тој бил познат како голем критичар на теоријата на Ајнштајн.
Фото: Pexels











