Пивара од Сан Диего направи пиво од рециклирана вода

27

pivo-fejsbuk

Фото: Facebook

Пиварата Stone Brewing од Сан Диего, Калифорнија, претстави ново пиво направено од 100% рециклирана вода, јави телевизијата ABC 10 News.

Градоначалникот на Сан Диего, Кевин Фолконер, беше меѓу првите што го дегустираше пивото наречено Full Circle Pale Ale.

Менаџерот за иновации од пиварата, Стив Гонзалес, на почетокот бил скептичен за правењето на пијалак со рециклирана вода како дел од програмата Чиста вода, но сега вели дека новото пиво му е едно од најомилените.

Минатата година како дел од амбициозниот Климатски акционен план, градскиот совет едногласно ја одобри иницијативата вредна три милијарди долари за рециклирање на отпадните води за пиење. Сега градот покажа дека рециклираната вода може да најде секаква примена, па и за правење на ладно пиво преку партнерство на градот со пиварата, пишува Inhabitat.

Пивото сè уште не е достапно за поширокиот пазар, но од пиварата најавуваат дека тоа ќе се случи наскоро.

Програмата Чиста вода на Сан Диего планира една третина од резервите на вода да ги обезбеди преку рециклирање.