Пиволенд од утре на скопско Кале

22

Претстојниот Пиволенд ќе понуди пет дена забава со преку 50 видови пиво, добра храна и одлична музика. Фестивалот почнува утре во 18.00 часот на скопско Кале, а ќе трае до недела.

Со вкусот на Скопско, Златен Даб, Амстел, Хајнекен, Туборг,…, посетителите ќе можат да уживаат во легендарните Леб и сол и Мизар, во настапите на Културно Уметнички Работници, Астероид Б612, Хроматик Поинт, Бени & Нон стоп, Д Џон, Дани Димитровска, Тијана Дапчевиќ, Тумбао Салса, Тамара Тодевска, Јосип А Лисац, Лозано,…

Според организаторите, Градот Скопје и Темов, мотото на Пиволенд и оваа година е промоција на македонската музика, култура и традиција.

Во рамки на годинашниот Пиволенд ќе има и дополнителен стејџ т.н. Фреш, за млади артисти, каде свирките ќе траат до три часот по полноќ.

На програмата е и концертот Трибјут ту Пинк Флојд, особено привлечен за генерациите кои слушаат прогресивна, психоделична музика.

Организаторите укажаа дека тенденцијата на пиво – фестот е промовирање 100% македонска музика што веројатно, посочија, ќе се реализира идната година.