Pizza Hut наскоро во Словенија и Хрватска?

26

Pizza-Hut

Најпознатиот и најголем ланец пицерии Pizza Hut планира да влезе на словенечкиот и хрватскиот пазар, пишува порталот franchising.rs.

Од компанијата за порталот потврдиле дека планираат да влезат на овие два пазари и дека се во потрага за некој што ќе ја преземе франшизата. Ланецот пицерии бара сериозни кандидати, претприемачи кои би биле подготвени и во можност да отворат најмалку три ресторани.

Pizza Hut има мрежа од преку 15.000 ресторани во 100 земји ширум светот, од кои 13.000 се франшизи. Со 1.300 ресторани во 30 земји, Pizza Hut е најголем ланец пицерии во Европа.