Pl@ntNet – апликација што идентификува растенија преку фотографија

49

flower-196360_960_720

Фото: Pixabay

Тим научници од француската организација за земјоделско истражување Cirad и ботаничката мрежа Tela Botanica Network креираа апликација што идентификува растенија, пишува ArchDaily.

Pl@ntNet е апликација за iPhone и Android којашто ги препознава растенијата преку фотографија. Потребно е само да се фотографира цветот на растението или цела крошна на дрво и апликацијата врз основа на податоци од својата база, којашто постојано се надополнува со нови фотографии, ќе даде информација за која билка станува збор.

Апликацијата засега има информации за 4.100 видови на растенија коишто растат во Франција, а листата може да се надополнува со внесување на нови податоци од страна на корисниците.

Минатата година основачот на интернет страниците RedOrbit.com, Earth.com и GreenAtom.earth Ерик Ралс, исто така, ја разви мобилната апликација PlantSnap, со чија помош корисникот може да идентификува различни видови на растенија.