Плаќаме најевтин интернет во регионот

87

За еден гигабајт интернет во просек плаќање по 0,96 долари, што ја прави земјава 52-ра во светски рамки и прва во регионот, според анализата на британски Cable.

Најевтин интернет во светот има во Израел, каде еден гигабајт чини 0,05 долари. Меѓу земјите со најевтин интернет се и: Киргистан (0,15 долари), Фиџи (0,19 долари), Италија и Судан (по 0,27 долари).

Од земјите во регионот, Србија е 72-ра со просечна цена од 1,30 долари за гигабајт интернет. По нејзе следат: Словенија (1,72 долари), Црна Гора (2,12 долари), Бугарија (2,26 долари), Хрватска (2,35 долари), Босна и Херцеговина (2,39 долари), Албанија (2,80 долари) и Грција (8,16 долари).

Од вкупно 230 земји во светот, најскап интернет плаќа Екваторијална Гвинеја со 49,67 долари за гигабајт. Висока цена плаќаат и: Фолкландски острови (44,56 долари), Света Елена (39,87 долари), Сао Томе и Принципе (30,97 долари) и Малави (25,46 долари).

Фото: Pexels