Плаќање преку мобилен телефон – тренд на денешницата

219

untitled

Фото: Pixabay

Во многу земји од светот плаќањето преку мобилен телефон е веќе секојдневие. Благодарение на Near-field communications, или NFC технологијата мобилните телефони играат улога на електронски паричници. Една од придобивките на мобилното плаќање е безбедноста и тоа што корисникот не мора да помни кориснички имиња и шифри.

Повеќето денешни платформи за мобилна исплата се безконтактни – што значи дека плаќањето се врши со држење на телефонот до читач на картички за проверка. Телефонот потоа испраќа сигурносен сигнал што ги носи платежните информации и бара да се потврди купувањето, било со внесување на код или на отпечаток. што значи нема потреба од физичката картичка.

Глобалната статистика покажува дека приходите собрани од плаќање преку мобилен изнесувале над 450 милијарди долари во 2015 година. Очекувањата се дека ќе надминат илјада милијарди долари до 2019-та.

Зголемената употреба на мобилни уреди како паметни телефони и таблети доведе до силен раст и на мобилната трговија насекаде низ светот. Можностите за купување со мобилни уреди се многубројни. Во многу продавници во светот, мобилните уреди, може да се користат како начин на плаќање на сметката преку користење на NFC технологија за скенирање на дигитални паричници.

Кои се предностите од плаќањето со мобилен телефон

За потрошувачите плаќањето со мобилен телефон е многу посигурна, побрза и поедноставна опција од плаќање во кеш или со кредитна картичка. Секаде каде што има уред со вградена NFC технологија плаќањето со мобилен телефон е возможно. Корисникот ќе треба само да го доближи својот телефон до уредот, односно пост терминалот и плаќањето е извршено.

Со овој вид на плаќање корисникот нема потреба да се грижи дека парите ќе му бидат украдени или дека нема да има доволно за да ги купи потребните работи.

На европскиот пазар како водечка компанија којашто ќе придонесе за ефикасна и брза имплементација на мобилното плаќање е MasterCard. Благодарение на MDES злоупотребата при губење на уредот на којшто се зачувани податоците за платежните картички е невозможна. Освен тоа корисникот ќе биде ослободен од помнење и внесување на големи броеви од картичката и наместо тоа MDES решението, коешто се базира на токенизација, овозможува неговата банка да издаде посебен 16-цифрен број чиј токен е приклучен со картичката и поврзан со уредот.

Прашање на време е кога оваа технологија ќе биде достапна и кај нас, со оглед на тоа дека земјите од Централна и Источна Европа најмногу се отворени за иновации од банкарскиот сектор.