Плата од 81.840 долари за најбогатиот човек на светот

19

Фото: Pixabay

Џеф Безос, најбогатиот човек на светот, ја зема истата плата од 81.840 долари веќе две децении, пишува CNN.

Безос располага со 16% од акциите на Amazon што вредат повеќе од 100 милијарди долари. Но, оваа компанија секоја година дава огромна сума на пари да го задржи својот прв човек на безбедно. Безос од 2010 година, редовно добива околу 1,6 милиони долари годишно за услуги поврзани со хартии од вредност и бизнис патувања и околу 1,1 милион долари од 2003 година, кога компанијата започна да ги пријавува трошоците за акции како дел од вкупниот надоместок за Безос.

Ова не е случај само со него, бидејќи и други главни извршни директори на компании, вклучувајќи го Стив Џобс кој секоја година добиваше плата од еден долар, а исто толкава плата земаа и основачите на Google, Лери Пејџ и Сергеј Брин.

Безос зема иста плата од 1998 година, а претходните неколку години земал дури и пониска плата. Па така, во 1997 година платата на Безос беше 79.197 долари, а една година претходно 64.333 долари.

Amazon е основана во 1994 година, а три години почна јавно да ги објавува резултатите и информациите откако излезе на берза.