Платите на жените и нискоквалификуваните најмногу погодени од пандемијата

16

Месечните примања на работници во многу земји, поради пандемијата, се значително или намалени или стагнираат, а најтешко се погодени платите на жените и најслабо платените работници, покажува анализата на Меѓународната организација на трудот.

Се претпоставува дека кризата ќе изврши притисок за намалување на многу плати. Во некои дејности платите се намалувале или растеле со позабавено темпо во многу земји од светот. Во земјите пак, според организацијата, кои прикажуваат раст на платите тоа е поради фактот дека послабо платените работници останале без работа.

Организацијата наведува дека доколку не се користат државни програми за субвенции на плати, тогаш жените во второто тримесечје би изгубиле 8,1% од платите, во споредба со 5,4% колку што би загубиле мажите.

Исто така, вработените на места коишто бараат пониски квалификации би можеле да изгубат повеќе работни часови од оние кои се наоѓаат на менаџерски или стручни позиции.

Фото: Freepik