Плитвички езера драстично ги намалуваат цените на влезниците

324

По 45 дена под клуч, Хрватска ги отвора двата најголеми национални парка, Крка и Плитвички езера. Тие бележат огромни загуби бидејќи поради пандемијата беа посетители. Од денеска тие ги отвораат вратите за своите посетители со акциски цени и епидемиолошки мерки, пишува Дневник.хр.

“Тргуваме со двонеделна кампања Пролет на Плитвички езера. Цената е 50 куни (6,6 евра) за возрасни, 30 куни (околу четири евра) за студенти и 25 куни (3,3 евра) за деца од седум до 18 години. помладите од седум години имаат бесплатен влез“, вели управителот со Националниот парк Плитвички езера, Томислав Ковачевиќ.

Овој Национален парк вработува 700 лица, како и дополнителен број сезонски работници, но поради пандемијата оваа година нема да има потреба од нивно ангажирање.

Во март оваа година, Управата на Плитвички езера одлучи да ги поскапи влезниците за време на летниот период, со што тие би биле еден од најскапите национални паркови во светот.

Фото: Pixabay