По 32 години работа, дала отказ шефицата на кралскиот персонал

22

Шефицата на кралскиот персонал во Велика Британија дала отказ по 32 години работа за кралицата Елизабета Втора. Педесет и шестгодишната Патриција Ерл поднела оставка откако пред неколку недели вработените одбиле да поминат еден месец во изолација со кралицата без да ги видат своите семејства.

Според британски The Sun, на Патриција ѝ било незгодно бидејќи вработените го одбиле планот поради пандемијата да се изолираат со кралицата за да се заштитат од вирусот. Патриција инаку пред две години добила кралска медала за својата посветеност во работата.

Таа не сакала да коментира која е причината поради која дава отказ, а во медиумите се огласил само портпаролот на Бакингемската палата.

“Нејзиното заминување беше целосно пријателски“, известил портпаролот.

Кралското семејство замолило околу 20 вработени на имотот во Норфолк еден месец да се изолираат со кралицата Елизабета и принцот Филип поради пандемијата, за да ги поминат празниците без страв. Сепак, група вработени го одбила тој план да не ги видат своите семејства за Божик.

Фото: Royal.uk