По 64 години KFC го исфрла познатиот слоган

254

Ланецот ресторани Kentucky Fried Chicken привремено ќе престане да го користи долгогодишниот слоган “прсти да излижеш” или оригинално “it’s finger licking good”, бидејќи го смета за несоодветен во време на пандемијата на коронавирусот.

Имено, во тој ланец сметаат дека и на тој начин треба да се даде придонесе во борбата со пандемијата, во која личната хигиена станала приоритет, пренесува Reuters.

Препознатливиот слоган што ланецот го користи 64 години, ќе биде повлечен во понеделник ширум светот и ќе се користи повторно кога ќе дојде време за тоа, соопшти компанијата.

Главниот спот на кампањата прикажува монтажа од различни билборди и производи на KFC низ годините, меѓутоа делот од слоганот кој се однесува на лижењето прсти е цензуриран и останува само “It’s good“ („Добро е“).
Фото: YouTube Printscreen