По 78 години, клуч на врата за TOZ Penkala

98

toz

По 78 години постоење, познатата хрватска фабрика за производство на училишен и канцелариски прибор, Tvornica olovaka Zagreb (TOZ Penkala) заминува во историјата, јавува ХРТ. Предстечајната постапка беше започната во 2013 година. Потоа фирмата заврши во стечај, а остана и без турскиот партнер. Вчера работниците добија откази, а дваесетина ќе останат уште еден месец да ги довршат веќе стигнатите нарачки.

TOZ Penkala поседува недвижности и земјиште во центарот на Загреб чија вредност повеќекратно ја надминува вредноста на долгот.