По Хрватите, и Шпанците ја срушија страната на Икеа

15

ikeaДури 20.000 пријави испратени во два дена, за 400 слободни работни места во шведската компанија Икеа го срушија серверот на компанијата во Шпанија, поради што процесот на вработување беше стопиран.

Компанијата на својата интернет страна објави конкурс за работа во центарот што следната година ќе се отвори во Алфафар, Валенсија, каде невработеноста е поголема од 28%.

“Нашиот сервер колабираше. Не можеше да издржи толку многу апликации. Никогаш досега не сме добиле толку многу апликации во толку краток рок”, изјави Родриго Санчез од Икеа Шпанија и додаде дека компанијата купила нов сервер, но и тој паднал по неколку часа.