По повод 200 годишнината на Johnnie Walker Нова лимитирана едиција, екслузивно и на македонскиот пазар

37

Оваа година единственото култно и омилено шкотско виски ширум светот- Johnnie Walker прославува 200 години од своето постоење. По тој повод, компанијата Diageo која е глобален лидер во алкохолната индустрија, ја лансираше лимитираната едиција на своите најпродавани и најпознати шишиња- Johnnie Walker Red Label и Johnnie Walker Black Label.

Новиот изглед е инспириран од последните светски трендови во модата, а дизајнот е креиран во соработка со светски познатиот бренд Alpha Industries.

Безвременскиот вкус на Johnnie Walker останува непроменет. Новите амбалажи се достапни во лимитирано издание, а по повод годишнината, екслузивно и на македонскиот пазар преку официјалниот застапник за брендот, Гемак Трејд.

“Лимитирани шишиња на Johnnie Walker Red Label и Johnnie Walker Black Label се совршен избор за сите оние кои сакаат да останат верни на единствената класика, да израдуваат некого во празничните месеци кои следат или да ја збогатат својата виски колекција,“ истакнуваат од Гемак.

Јohnnie Walker Black Label е богато и мазно шкотско виски создадено исклучиво со користење на 12 годишни сингл малтови. Резултатот на ваквата посветеност при содавањето е богатиот вкус на овошни, ванила и чадени ноти преточени во една голтка.

Johnnie Walker Red Label е виски создадено од 35 малтови од различни предели на Шкотска. Благо чадлив вкус, со ноти на цимет и мед и завршеток на свежо овошје со нота на крцкаво јаболко, Johnnie Walker Red Label е основа на многу виски коктели и едно од најчесто нарачуваните виски брендови насекаде во светот.

Новата, лимитирана едиција на Johnnie Walker е достапна во сите поголеми маркети и продавници низ земјата, како и на веб страната на официјалниот дистрибутер за Johnnie Walker во Македонија Gemak Trade.

Приказната за Johnnie Walker

Започнува во 1820 година кога младиот John Walker ќе реши да започне со производство на виски од сингл малтови во домашни услови, за подоцна во 1909 година да се создадат двете препознатливи етикети Red Label и Black Label. Дизајнот на логото го изработил локален илустратор кој се обидел да го долови младиот John Walker и да создаде мини верзја која ќе стои на секое едно шише. Таа мини верзија до ден денес е дел од секоја Johnnie Walker едиција, заедно со препознатливиот слоган кој е олицетворение на вечниот и непоправлив оптимизам – Keep Walking.