По што беше препознатлив Вухан пред корона вирусот?

480

Кинескиот град Вухан е во епицентарот на случувањата поврзани со смртоносниот корона вирус, бидејќи таму започна да се шири оваа епидемија што предизвика паника од светски размери.

И додека многумина прв пат слушаат дека постои овој кинески град, Вухан во себе “крие“ многу интересни работи што би биле атрактивни за туристите ширум светот.

Вухан, инаку, е град со околу 11 милиони жители, а со сочинуваат три градови поврзани со мостови: Вучанг, Ханкоу и Ханјанг. Ханјанг е стар индустриски центар, Ханкоу е финансиски центар, Вучанг е дел во којшто се сместени многу универзитети и истражувачки центри.

Градот е окружен со 50 квадратни километри зелени површини. Во текот на 19-от век бил најразвиен град во централна Кина, а денес е познат како политички, финансиски, економски и логистички регион.

Фото: Pixabay