По телефон купил дијамант за 15,7 милион долари

43

Редок дијамант од 102 карати е продаден на аукција во Хонгконг за 15,7 милиони долари. Од аукциската куќа Sotheby’s, што ја организираше аукцијата, велат дека за првпат се случува некој телефонски да купи нешто вакво.

Само уште седум дијаманти во светот имаат повеќе од 100 карати и се со ист квалитет. Според Тобиас Кормајнд, менаџер за онлајн продажба на накит, проценува дека купувачот го купил дијамантот по релативно поволна цена.

Претходно, се наведуваше дека безбојниот овален дијамант од 102,39 карати би можел да достигне цена меѓу 10 и 30 милиони долари.

Со овој износ е соборен претходниот рекорд на најскап накит што е продаден преку интернет, а тој примат од 2016-та година го држеа обетки со розов и син дијамант по цена од шест милиони долари.

Фото: Freepik