По три години самитот на БРИКС во август ќе се одржи лице в лице

26

Јужноафриканскиот претседател Сирил Рамафоса најави дека самитот на БРИКС, кој во август ќе се одржи во Јоханесбург, ќе биде лице в лице.

– Ќе имаме самит на БРИКС лице в лице… Нема да биде виртуелен – порача претседателот на Твитер.

Рамафоса потсети дека БРИКС нема одржано самити лице в лице речиси три години.

БРИКС ги обединува Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка. Голем број други земји имаат намера да се приклучат на економскиот блок, вклучувајќи ги Аргентина, Иран и, според кинеското Министерство за надворешни работи, Индонезија, Турција, Саудиска Арабија и Египет.