Почетна Новости Почина Берни Медоф, човекот кој изведе измама тешка 65 милијарди долари

Почина Берни Медоф, човекот кој изведе измама тешка 65 милијарди долари

351

Финансиерот Берни Медоф, кој измамил илјадници богати клиенти за милијарди долари, почина во затвор.

Медоф користел пари од постари деловни инвеститори за да плаќа на нови клиенти – типична тактика на пирамидалната шема , наречена “Понзи“.

82-годишникот починал од природна смрт во Федералниот медицински центар во Бутнер, Северна Каролина, објави Асошиејтед прес.

Тој беше ставен зад решетки во 2009 година откако се изјасни за виновен за измама на илјадници клиенти за милијарди долари во инвестиции во текот на неколку децении, и издржувал затворска казна од 150 години.

Се проценува дека инвеститорите вложиле 17,5 милијарди долари во бизнисот на Медоф, а досега биле вратени 13 милијарди долари.

Во најголемата шема во историјата, Медоф им велел на клиентите дека имаат 60 милијарди долари во неговата компанија Bernard L. Madoff Investment Securities.

Медоф ја признал вината на почетокот на 2009 година. Истражителите рекле дека шемата започнала во 70-тите години на минатиот век, додека Медоф тврдел дека измамата започнала во 90-тите години на минатиот век.