Почина главниот извршен директор на Nintendo, Сатору Ивата

80

satoru_iwata_passes_away

Главниот извршен директор на Nintendo, Сатору Ивата, почина од рак на 55-годишна возраст, пишува Гардијан.

Во кратката изјава до медиумите, од компанијата наведуваат дека претседателот на компанијата, Сатору Ивата, почина на 11-ти јули од проблеми со жолчните канали.

Ивата, кој по професија беше програмер, првата водечка функција во компанијата ја доби во 2002 година, само две години по вработувањето во Nintendo. Минатата година тој изјави дека двојно ќе ја намали неговата плата на неколку месеци за да може да се надомести кризата и последиците од борбата со ривалите Sony и Microsoft, коишто го презедоа приматот во продажба на конзоли за игри.

Сите три компании се соочија со сериозна конкуренција од евтините или целосно бесплатни игри за паметни телефони и други мобилни уреди.

Ивата изјави дека од таа причина Nintendo ќе мора да се фокусира на други области.

“Светот се менува, па секоја компанија којашто не се справува со промените е осудена на пропаст“, изјави Ивата.