Почина принцот Филип

29

Почина принцот Филип, сопруг на британската кралица Елизабета, соопшти Кралското семејство преку Twitter.

“Принцот почина мирно ова утро во дворецот во Виндзор“, наведуваат од Бакингемската плата.

Војводата од Единбург во јуни требало да наполни 100 години. Тој на 16-ти март излегол од болница, каде бил примен поради инфекција.

Филип се венчал со Елизабета во 1947-ма година, пет години пред да стане кралица. Од кралските функции се повлече во август 2017-та година, откако учествувал на повеќе од 22.000 јавни настапи од крунисување на Елизабета Втора во 1952-ра година.

Принцот Филип беше член на грчкото кралско семејство и роден на грчкиот остров Крф во 1921-ва година.

Имаат четири деца, осум внуци и 10 правнуци.

Фото: Twitter