Почна од нула, а денес е еден од најдобрите светски претприемачи

139

Ant Group, зад која стои сопственикот на Аlibaba, Џек Ма, ја реализираше најголемата иницијална понуда на акции на берза во историјата.

Кинескиот милијардер собра повеќе од 34 милијарди долари преку иницијална понуда на акции (ИПО).

Продажбата на акциите на технолошката компанија Ant Group беше на берзите во Хонгконг и Шангај.

Ма во 2014 година веќе имаше во тоа време рекордна продажба акции на берзата на својата компанија Alibaba, кога собра 25 милијарди долари. Сега го повтори успехот и се надмина со компанијата Ant Group.

Bloomberg проценува дека богатството на Ма наскоро ќе достигне 71,1 милијарди долари, позиционирајќи го како 11 најбогата личност во светот.

Ма (56) започнал од нула и го советувал својот син да не биде најдобар во училиште, бидејќи поради тоа нема да може да се посвети на други работи. Сепак, не му сугерирал ништо да не учи. Кинескиот претприемач преку својата команија има значително влијание на кинеската онлајн индустрија.

Данкан Кларк, автор на книгата Alibaba: The House That Jack Ma Built вели дека секаде во Кина се гледа влијателноста на Alibaba и Ant Group. Ако живеете таму тогаш секојдневно сте, ако не и секој час во контакт со некој кој работи во негова компанија.

Фото: Pixabay