Почнаа да работат спортските игралишта на песок на градските плажи во Скопје

21

Одбојкарските игралишта на песок при Градска плажа Парк и Камен Мост и ракометното игралиште на песок на Градска плажа Парк, деновиве почнаа да работат, соопшти Град Скопје. Сите заинтересирани ученици, граѓани, спортски клубови или здруженија на граѓани, можат бесплатно да спортуваат и да се рекреираат на одбојкарските игралишта на песок на Градските плажи во Скопје.

Спортските терени на Градска плажа Парк и Градска плажа Камен Мост ќе бидат отворени за спорт и рекреација, секој ден во термините од 10 до 24 часот. Закажувањето може да се врши секој работен ден на следниве телефони: 02/ 3297 – 238 и 02/ 3297 – 320 до 16:30 часот или на самото игралиште во истиот период. Терминот за бесплатно користење е со времетраење од 1 час.