Почнаа предавањата на Академијата за менаџери

27

Викенд предавањата на Академијата за менаџери започнаа со првиот модул од програмата Стратешки менаџмент Стратешко менаџирање на МСП (мали и средни претпријатија): градење одржлива конкурентна предност.

Во трговскиот центар Зебра, во хотелот Квинс, вчера беше одржано предавање од страна на др Емануел Гомес, истакнат професор за стратегија и меѓународен бизнис при Универзитетот Шефилд.

Предавање одржа и Стелиос Кехајас, консултант и сениор професор на CITY Колеџот при Универзитетот Шефилд.

Академијата за менаџери има за цел да го подигне нивото на компетентноста и квалификациите во менаџментот низ развој и дистрибуирање на алатки за менаџерско размислување, техники и практики.

На оваа академија ќе се работи на научно-истражувачка дејност од областа на менаџментот и економијата, како и на кратки програми, модули, обуки за менаџерски кадар од областите корпоративно управување, менаџмент, управување со финансиски текови, управување со ризици, водење преговори, маркетинг и модули за едукација на државни службеници за менаџирање во јавната администрација.

Академијата за менаџери е формирана под академска надлежност на Универзитетот Шефилд, CITY Колеџ – Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, во соработка со Сојузот на стопански комори на Р. Македонија и Министерство за образование и наука на Р. Македонија.

Универзитетот Шефилд е на 11-то во Велика Британија, на 20-то во Европа и во него работат пет носители на престижната Нобелова награда.