Почнува Локум фест во Битола

35

Во рамките на културното лето Бит фест и оваа година со поддршка од Општина Битола се одржува 7-то издание на Локум фест – музика и традиција, етно – word music фестивал кој го слави славното конзулско минато на Битола.

На програмата се Саем на ракотворби, Антикварница на отворено, Саем на млади претприемачи, Изложба на стари фотографии и музичка програма со гости од Данска, Финска, Норвешка, Унгарија, Словенија.

Фестивалот се одржува од 17-20 јули на Плоштадот Магнолија и во срцето на старата битолска чаршија, во организација на Центар за културна деконтаминација Битола.

Во среда од 17 – 20 часот во Зоолошката градина во Битола започнува Креативниот Арт Фестивал – Биосфера. Во Пациото на Завод и музеј во 22 часот продолжува Кино проекцијата и дебатата во организација на Контра кадар.