Подари насмевка – хуманитарна акција на Стопанска банка

21

slika za web

Неодамна Стопанска банка ја започна хуманитарната акција Подари насмевка, во мисија да се соберат еден милион насмевки и да се реализира донација во детските здравствени центри низ Македонија. Во акцијата може да се вклучи секој хуман граѓанин кој има желба да помогне и тоа само со едноставно подарување на својата насмевка.

Бројот на насмевки кои едно лице може да ги подари е неограничен, а колку повеќе насмевки се соберат, толку повеќе средства ќе донира Стопанска банка.

Учеството во хуманитарната акција е многу едноставно и достапно на повеќе начини. Можете да ја посетите Facebook фан страницата на Стопанска банка fb.com/NaVasaStrana/app_713741715354213?ref=hl, да ги следите упатствата и да креирате или да прикачите своја фотографија како се насмевнувате.

Насмевка можете да дарувате и на веб банерите поставени на интернет страниците, следејќи ги упатствата на екранот, или пак на фото-тотемите поставени во филијалите на Стопанска банка. Треба само да ги следите упатствата испишани на екранот и едноставно насмевнете се со вашата најубава насмевка.

Насмевнете се и на концертите, забавите и театарските претстави низ градовите во Македонија, организирани по повод јубилејот 70 години Стопанска банка, каде ги поставуваме фото-тотемите и каде што се присутни нашите мобилни фото патроли.

Крајната цел на хуманитарната акција Еден милион насмевки е да се соберат 1.000.000 насмевки со што ќе се обезбеди значајна донација на медицинска опрема за детските здравствени установи низ земјава.