Поддршка од 25 милиони евра за жени претпримачи од Западен Балкан

47

Финансии во износ од 25,1 милион евра и советодавни бизнис услуги ќе бидат на располагање преку Програмата за Западен Балкан за жени-менаџери на мали и средни претпријатија, на Европската банка за обнова и развој (ЕБРД), Шведската меѓународна развојна агенција (Сида) и Луксембург.

Програмата “Жени во бизнисот“ ќе се спроведува во наредните четири години, а е наменета за мали и средни претпријатија управувани од жени, кои имаат потреба од финансии и од совети, за да можат да го развиваат бизнисот. Финансирање, техничка помош за учество во финансиските институции и бизнис совети се предвидени за жени претприемачи во Албанија, Босна и Херцеговина, Македонија, Косово, Црна Гора и Србија.

“Првично, Банката ќе учествува со 20 милиони евра, наменети за креирање на кредитни линии за бизнисите управувани од жени, и преку локалните финансиски институции, се со цел да промовира одржливо позајмување на МСП управувани од жени, зависно од конечно одобрување на Бордот на директори на ЕБОР“, соопшти канцеларијата на Европската банка за обнова и развој.