Подготвителен курс за здобивање со PMP® сертификат – пријавувањето е во тек!

19

pmp-580x322

Project Management Professional® е меѓународен сертификат за професионални проектни менаџери кој го издава Project Management Institute® од САД.

Професионалниот курс за управување со проекти е единствен подготвителен курс во Македонија кој се спроведува според критериумите и правилата на Project Management Institute® од САД, кој има 25-годишно искуство во сертификација на професионални проектни менаџери. Курсот е воден од PMP сертифициран инструктор и обезбедува продлабочено знаење кое овозможува лесно полагање на тестот после кој успешните кандидати се здобиваат со РМР сертификат.

Курсот е наменет за професионалци од сите индустрии и дејности кои работат во областа на управување со проекти и сакаат да се подготват за добивање на престижниот РМР сертификат. Учесниците на курсот ќе го надградат своето знаење во проектен менаџмент според соодветна литература издадена од Project Management Institute® што ќе придонесе кон подобрување на капацитетите и самодовербата со цел совладување на предизвиците на модерното управување со проекти.

Обуката е распределена во 11 сесии кои ќе се одржат во период од три последователни викенди со дополнителен термин за симулација на испитот.

Цената е 465 евра, а за студенти 315 евра (+ДДВ). Краен рок за пријавување е 08.08.2016 година.

Специјален попуст од 20% за уплата до 29 јули 2016.

Контакт за пријавување:

kontakt ceed