Поднесување барања за субвенции во земјоделството до 31 мај

26

Рокот за поднесување барања за субвенции во земјоделството истекува на 31-ви мај оваа година. Од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој апелираат до заинтересираните земјоделци кои се уште не поднеле барање, да се обратат во подрачната единица на Министертвото за земјоделство, шумарство и водостопанство, каде што имаат регистрирано земјоделско стопанство за да поднесат барање во пропишаниот рок.

Барањето се поднесува по електронски пат без доставување документи, врз основа на претходно евидентирани податоци во Единствениот регистар на земјоделски стопанства и Регистарот за идентификација и регистрација на домашни животни.

Одгледувачите на говеда, овци, кози и пчели пред поднесување на барањето треба задолжително да ја проверат и по потреба да ја ажурираат состојбата на животните во ветеринарното друштво со кое имаат склучено договор.