Поднесување на барање за финансиска поддршка во земјоделството до 30-ти јуни

53

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги известува сите земјоделски стопанства дека поднесувањето на барањата за финансиска поддршка во земјоделството е во тек и ќе трае до 30-ти јуни.

Во овој период се поднесуваат барања за растително производство и тоа за: површини со поледелски и градинарски култури, одржување на лозови и овошни насади како и производство на сертифициран семенски и саден материјал. За сточарското производство се поднесуваат барања за одгледување на: говеда, овци, кози, свињи, пчели, живина.

Корисници за финансиската поддршка се земјоделски стопанства кои се впишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства и ги исполнуваат сите услови коишто се пропишани во Законот за земјоделство и рурален развој, Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2016 година и Уредбата за директни плаќања за 2016 година.

Од оваа година, барањата може да се поднесат и по електронски пат, преку интернет страницата на Агенцијата www.iparda.gov.mk со избор на делот Директни плаќања е – барање.