Подобрена економската состојба на деловните субјекти во јули

16

Според податоците на Државниот Завод за Статистика (ДЗС), раководителите на фирмите сметаат дека економската состојба на деловните субјекти во јули 2014 година била поповолна во однос на претходниот месец, а останала на исто ниво во однос на јули 2013 година.

Оценката за обезбеденоста на производството со порачки, како што соопшти Државниот завод за статистика, е поповолна во однос на претходниот месец.

Обемот на производството во јули 2014 година е поповолен во однос на претходниот месец, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се поповолни, како и очекувањата за бројот на вработените.

Во јули 2014 година залихите на суровини и репроматеријали, како и тековните набавки на суровини и репроматеријали се под и околу нормалата, залихите на готовите производи во јули 2014 година се зголемени во споредба со претходниот месец, а просечното искористување на капацитетите изнесува 61,6%.

Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на производство имаат недоволната странска побарувачка со 22,2%, недоволната домашна побарувачка со 18,5%, неизвесното економско опкружување со 9,2% и финансиските проблеми со 8,9%.