Подраниле и потрошиле 240 милиони евра на подароци за Велигден

28

Оваа година жителите на Австрија за подароци за велигденските празници, според проценките, потрошиле околу 240 милиони евра.

На листата на подароци на Австријците се наоѓаат играчки, велигденски јајца, цвеќе, слатки.

Поради епидемиолошките мерки, жителите на Австрија оваа година подраниле со купување на подароци. Во просек, секој Австриец планира да потроши околу 95 евра за велигденски подароци и декорации.

Во споредба со 2020 година, тоа е значителен раст, бидејќи лани потрошиле само 40 евра, а една година пред кризата 65 евра.

Фото: Pexels