Подравка инвестира 10 милиони евра во подобрување на енергетската ефикасност

27

podravkaХрватската компанија Подравка ќе инвестира 9,9 милиони евра во подобрување на сопствената енергетска ефикасност, благодарение на одобрениот заем од Европската банка за обнова и развој.

Со заемот ќе се финансираат инвестиции во подобрување во фабриките и зградата во која е сместено седиштето. Се очекува со овој зафат да се остварат значителни заштеди.

Претседателот на Управата на Подравка, Звонимир Мршиќ наведува дека средствата од заемот планираат да ги инвестираат во енергетска ефикасност и преку оптимална потрошувачка на енергенси да го намалат влијанието врз животната средина. Со тоа ќе го подигнат досегашното ниво на ефикасно работење на ниво на нивните конкуренти со кои секојдневно се натпреваруваат.

Вложувањето во енергетска ефикасност е дел од пошироките настојувања на компанијата да ја зајакне конкурентноста на меѓународниот пазар, велат од Подравка, пренесуваат хрватските медиуми.