Поевтиниот 5G iPhone SE би можел да пристигне на пролет

81

Со iPhone SE Apple на пазарот ќе претстави поевтина верзија на својот телефон за сите кои не сакаат да платат премиум цена за класичните модели. Моделот ќе поддржува и 5G кој не беше достапен на iPhone SE моделот од 2020.

Најверојатно ќе го претстават новиот модел на настанот кој се одржува во март. Apple во текот на годината одржува неколку настани на кои претставува нови производи, софтвер или сервиси. Првиот од нив се одржува во текот на март/април.

Според гласините, iPhone SE ќе го задржи истиот дизајн како претходните SE модели, а ќе има повеќе RAM, подобра камера и 5G технологија.