Поголема флексибилност = поголема продуктивност на работа

194

Поголемата флексибилност на работа носи и поголема продуктивност, покажуваат податоците од истражувањето на International workplace group.

Вкупно 85% од испитаниците потврдија дека продуктивноста на нивниот бизнис се зголеми како резултат на флексибилноста при работа. Над половина од вработените на глобално ниво работат надвор од нивната канцеларија најмалку 2,5 дена во текот на неделата. Исто така, 65% од испитаниците потврдуваат дека флексибилниот начин на работа им помогнало да се ослободат од непотребни трошоци и да направат финансиска консолидација во нивна корист.

Меѓу земјите кои сè почесто нудат флексибилни можности за работа се оние кои се и финансиски најсилни: Јапонија, Канада, Кина, САД, Холандија, Германија, Франција, Велика Британија…

Под флексибилна работа, како што стои во истражувањето, се подразбираат неколку важни фактори: можност слободно да се избере локацијата од каде што ќе се работи, можност да се донесат одредени одлуки надвор од работното време, можност самостојно да се работи барем одреден дел од времето, слободно управување со обемот на работа.

Ваквата флексибилност, исто така, им овозможува на компаниите да допрат до успешни и талентирани вработени.

Фото: Pexels