Пола милион странски туристи во јануари ја посетиле Турција

47

Турција во јануари оваа година примила 509.787 странски туристи, а Истанбул и понатаму е најпопуларна дестинација, соопштува тамошното Министерство за култура и туризам, пренесува агенцијата Анадолија

Во однос на јануари минатата година, бројот на странски гости е за 71,48% помал поради пандемијата.

Истанбул и понатаму е најпривлечен град за туристите, привлекувајќи 65,7% од сите посетители на земјата или 334.825 лица.

Градот Едрене, што граничи со Бугарија и Грција, исто така, е меѓу омилените одредишта со 52.698 посетители во јануари. Потоа, следи Анталија со 9,22% од посетите или 47.023 странски туристи.

Посетителите од Русија се најбројни и сочинуваат 17,54% од вкупниот број на туристи, по што следат туристи од Иран со 7,45%, Бугарија 6,02%, Украина 5,53% и Германија 5,32%.

Минатата година околу 12,7 милиони туристи од странство ја посетиле Турција, што е помалку во однос на 2019 година кога се регистрирани 45,05 милиони туристи.

Фото: Pexels